HomeАктуелноВозел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж

Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж

На 03.07.2025 во 05.40 часот, на улица „Вишешница“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода В.Ѓ.(39) од село Ресава, кавадаречко.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.54 промили алкохол во крвта. В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.