HomeАктуелноГРК Охрид продолжува со победи – седми триумф во Суперлигата

ГРК Охрид продолжува со победи – седми триумф во Суперлигата

Ракометарите на ГРК Охрид ја продолжуваат успешната серија во домашното првенство, откако синоќа на гостувањето кај Куманово славеа со 28:24, во натпревар од деветтото коло на македонската Суперлига.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Избраниците на Борис Ројевиќ уште од почетокот ја презедоа контролата врз натпреварот. Иако домашниот состав поведе со 2:1, охриѓани брзо направија пресврт и постепено ја зголемуваа предноста. На полувремето заминаа со сигурни пет голови разлика (11:16).

Во вториот дел „гладијаторите“ продолжија со добра игра, а во еден момент имаа и највисоки осум голови предност (12:20). Куманово во финишот успеа да ја намали разликата, но не и да го загрози триумфот на гостите.

Најефикасни во редовите на Охрид беа Адама Кеита и Мартин Карапалевски со по четири постигнати голови.

Со оваа победа ГРК Охрид стигна до седмиот триумф сезонава, а по девет одиграни натпревари има учинок од седум победи, едно реми и еден пораз, со вкупно 15 бодови. Охриѓани моментално се на четвртото место на табелата во Суперлигата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.