ГРК Охрид го претставува македонскиот ракомет оваа сезона на меѓународната сцена, денеска во рамките на второто коло од ЕХФ Европскиот куп во салата „Билјанини извори“ од 19.00 часот ја пречекува екипата на Потаиса Турда од Романија.
Клубот ги повикува навивачите да ја дадат поддршката која им е најпотребна на „Гладијаторите“ кои најавуваат беспоштедна борба за секоја топка, за секој гол.
Во 16.00 часот пред спортската сала ќе биде отворена Фан зона каде за забавата ќе се погрижи Dj Face.
Во склоп на истата ќе биде отворен и Фан шоп каде ќе може да се купат дресови, маици, шалови, привезоци и други сувенири со логото на Охрид. Вратите на спортската сала „Билјанини извори“ ќе бидат отворени во 17.30 часот.
Уште еднаш апелираме до верната публика навреме да дојде на натпреварот за да се избегнат непотребни гужви, бидејќи седиштата се нумерирани и секој треба да го заземе своето место наведено и на влезницата – објавија од ГРК Охрид.
