На 23.08.2025 во 01:20 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Ј.(31) од Кочани зато ашто кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање нас лучајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 22.08.2025 во 17:35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода П.Б.(25) од Охрид, постапувајќи по претходбна пријава дека во 16:10 часот на булевар „Туристичка” во Охрид се заканувал и се обидел физички да го нападне К.П.(35) од Охрид.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
