Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, со услови за појава на локален дожд во одделни делови од земјата, особено во попладневните часови.
Долж Повардарието се очекува засилен југоисточен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 60 километри на час, што може да предизвика чувство на посвежо време и нестабилни услови во текот на денот.
Минималните температури ќе се движат од 4 до 12 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 17 до 23 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Иако денот нема да биде целосно дождлив, се очекуваат краткотрајни врнежи низ териотријата и променливи услови, типични за овој период од пролетта.
