Времето денеска ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови од земјата и со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 15 степени.
Во наредните денови не очекува слично време. Поненеделник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од вторник претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 8, а максималната од 6 до 17 степени, информира УХМР.
Прогноза за 12.11.2024
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта претежно во јужните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а само на највисоките планини од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 13.11.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 14.11.2024
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Претежно облачно со повремени локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
