Ако скенирате фискални, проверете ги сметките. Започна исплатата на Мој ДДВ за третото тримесечје од годинава, па на сметките на дел од граѓаните легнаа парите од ДДВ. Највисоката сума која може да се добие по овој основ, е 2.100 денари.
Како што беше практиката и досега, се очекува парите да бидат исплатени до крајот на неделава.
