HomeАктуелноДрвокрадци со камион удриле во полиско возило при што излетало од патот

Дрвокрадци со камион удриле во полиско возило при што излетало од патот

Околу 21 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и од СВР Велес дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва, но, возилото продолжило со движење. Притоа, совозачот фрлал дрва по патот за да го блокира патот на полициските службеници, додека пак возачот на товарното, со задната страна го удрил службеното полициско возило и го спречил да го престигне. По што, службеното возило излетало од патот, се наведува во соопштението на МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Товарното возило било пронајдено кај место викано „Три багреми“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.