HomeАктуелноЗасилени инспекциски контроли на угостителските објекти пред новогодишните празници: Oткриени неправилности и уништена небезбедна храна

Засилени инспекциски контроли на угостителските објекти пред новогодишните празници: Oткриени неправилности и уништена небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа  поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде  се одржуват предновогодишни прослави.

Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица.

Иако имаат законска обврска, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна.

За утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.