HomeАктуелноИзгоре уште еден автомобил ноќеска во Прилеп

Изгоре уште еден автомобил ноќеска во Прилеп

Ноќеска гореше семејното возило на Васе Никоска, Раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина во Општина Прилеп. Во краткиот телефонски разговор за Канал 77, Никоска потврди дека возилото од марка „пежо“, паркирано пред куќата, е запалено ноќеска околу 2 часот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прва забележала ќерката, а потоа и сопругот на Никоска.

– Ова е порака. Повеќе од материјалната штета е стравот и стресот што го преживуваме, изјави Никоска.

Таа вели дека не знае кој може да го предизвикал пожарот. Не знае ниту кому му се има замерено.

Ноќ претходно гореа две возила на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Петар Ристески. Претходно изгоре и автомобилот на директорот на ЈКП “Koмуналец” од Прилеп.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.