По повод одржувањето на 30. јубилеен Турнир во мал фудбал на медиуми, во организација на Спортско радио 90.3 ФМ, во Кабинетот на претседателот се одржа краток прием за учесниците и организаторите на турнирот.
Нивес Жељковиќ беше на листата на гости на Спортско радио, меѓу кои беа околу 70 новинари, спортисти и естрадни уметници од земјава и од регионот.
,,Однесувањето на секој од присутните гости за време на приемот зависи од нивниот личен интегритет и домашно воспитување, а во тој дел сè додека не се прекршени законите, нема простор за наша реакција”, велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за Сител.
