HomeАктуелноКако на хорор филмовите: Во подрум пронајдени тела на 3 бебиња, млада мајка обвинета за убиство и инцест

Како на хорор филмовите: Во подрум пронајдени тела на 3 бебиња, млада мајка обвинета за убиство и инцест

Полицијата открила тело на трето новороденче во подрум на куќа во Черники, Полска, соопшти обвинителството. Приведената мајка (20) доби кривична пријава за убиство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Информациите за телото на третото новороденче обвинителството ги достави до полската новинска агенција.

Како што неофицијално пренесуваат полските медиуми, мајката е обвинета за убиство на дете и инцест, во тој случај наскоро ќе биде обвинет и 54-годишниот татко на жената.

Полицијата во петокот вечерта пронашла мртво новороденче во подрумот од куќата, а по натамошното пребарување било пронајдено уште едно тело на новороденче во поодмината фаза на распаѓање, па не можело веднаш да се утврди кога и како починало.

Полицијата на крајот пронашла и трето мртво бебе.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.