HomeАктуелноЛаден циклон над Македонија: Носи дожд, снег и нови снежни покривки!

Ладен циклон над Македонија: Носи дожд, снег и нови снежни покривки!

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висински циклонски систем кој се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, од претстојната ноќ, па се до петок во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините, како и на некои повисоки населени места врнежите повремено ќе бидат од снег.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За време на овој бран на врнежи, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен). На планинските места особено во зaпадните предели ќе се формира снежна покривка со висина до 10 cм, а на највисоките планински врвови можно е и повеќе.

Максималните дневни температури пак ќе бидат исто така значително под просекот се до денес, 17 Ноември, и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Краткотрајно затоплување ќе има по 17 Ноември, а околу или по 20 Ноември повторно следува нова голема промена на времето и продор на нов многу ладен бран од север“,  вели познатиот метеоролог Славчо Попоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.