Македонското културно наследство претставено на Меѓународната конференција во Требиње.



Во Требиње, Република Српска, се одржа 25-тата Меѓународна конференција за библиотекари под наслов ,,Библиотеки и културно наследство”, која и оваа година собра околу 200 библиотекари, истражувачи и културни дејци од регионот и пошироко. На ова значајно меѓународно собитие, Република Македонија беше претставена од единствениот учесник докторанд Елена Станкоска, виш библиотекар при Н. У. Библиотека ,,Григор Прличев” од Охрид, која имаше свое излагање на тема ,,Културното наследство низ призмата на библиотеките”.
Излагањето беше посветено на македонското културно- историско наследство, со посебен акцент на Охрид. Присуството на македонски претставник на ваква конференција има повеќекратно значење, не само што се афирмира богатството на македонската култура пред Меѓународната публика, туку се создаваат и нови мостови на соработка со сродни институции од регионот и светот. Овие конференции се платформи од особено значење кои овозможуваат размена на знаење, искуства и добри практики, како и заедничка грижа за зачувување и промоција на културното наследство како дел од колективната меморија на народите.
Учеството на докторанд Станкоска и промоцијата на македонското наследство уште еднаш потврдуваат дека нашата култура има што да понуди и дека гласот на Македонија се’ посилно одекнува на Меѓународната сцена.


