На 1 декември, офијално започна метеоролошката зима – период кој се пресметува поинаку од календарската зима што ја знаеме од астрономските правила.
Во метеорологијата, годината е поделена на четири еднакви сезони, секоја со траење од по три целосни месеци. Оваа поделба постои од практични и статистички причини, за да може полесно да се споредуваат податоците за температура, врнежи и климатски трендови. Затоа, зимата за метеоролозите секоја година почнува на 1 декември.
Календарската (астрономска) зима, пак, почнува со зимската краткодневица – најкраткиот ден во годината. Таа годинава ќе настапи на 21 декември. Во зависност од годината, солстицикот паѓа на 21 или 22 декември.
Историски, за статистичките пресметки би било непрактично сезоните да почнуваат во средина на месец, па затоа е усвоено тие да се бројат од самиот почеток. Така, метеоролошката зима трае од 1 декември до 28 февруари, односно до 29 февруари во престапна година.
Календарската зима оваа година ќе започне на 21 декември во 16:03 часот по средноевропско време.
