HomeАктуелноМинистерот Николоски најави потенцијален влез на трет мобилен оператор во земјава

Министерот Николоски најави потенцијален влез на трет мобилен оператор во земјава

Како причина за воведувањето на трет оператор министерот за транспорт ги наведува цените на мобилната, кабелската телевизија и интернет-услугите кои, како што вели, во земјава се повисоки од најголем дел од европските држави

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерот за транспорт Александар Николоски денеска најави потенцијален влез на трет мобилен оператор во земјава. Како причина за воведувањето на трет оператор ги наведува цените на мобилната, кабелската телевизија и интернет-услугите кои, како што вели, во земјава се повисоки од најголем дел од европските држави.

„На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор“,пишува Николоски во објавата на Фејсбук и додава оти сериозно се разгледува оваа опција.

Министерот додава дека во следниот период ќе мотивираат големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.