Македонија не е розовата слика во владините гласила и зборови, Македонија не се состои во владиниот раскош платен со државни пари, ниту во некој спот финансиран со парите на напатениот народ.
Ова е Македонија.
Ова е Македонија на надеж, сон, копнеж и иднина.
Македонија на заеднички победи, реформи. Македонија на големи чекори напред и големи промени. Македонија која дава сигурност, дава перспектива и шанса на секого. Македонија во која одлучувате вие.
Ова е Македонија на сите луѓе! Куманово за сите луѓе и да ја дочека својата пролет. Со истата енергија каква овој народ и земја ги имале при сите големи победи, при сите свои илиндени, славни епопеи и победи. – стои во објавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
