HomeАктуелноНа одредени патни правци забрана за тешки товарни возила

На одредени патни правци забрана за тешки товарни возила

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради обилни врнежи од снег од 6.50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти ЈП „Македонијапат“.

-Врнежи од снег со променлив интензитет има и на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, информира „Македонијапат“.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.