HomeАктуелноНавремена интервенција на езерската полиција: Спасени две лица на околу два километри од брегот

Навремена интервенција на езерската полиција: Спасени две лица на околу два километри од брегот

Вчера (28.07.2026) во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со „СУП” даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош. Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош. Полициските службеници веднаш пристапиле и презеле мерки за нивно безбедно префрлање на полициските чамци, по што констатирале дека се работи за Е.С.(19) и И.А.(18), двете од Охрид, кои поради нагло влошување на временските услови со силен ветар и големи бранови, со даските се повеќе се оддалечувале и не биле во можност да се вратат на брегот. Тие безбедно биле пренесени во просториите на езерската полиција, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со цел зголемена безбедност на вода, СВР Охрид и езерската полиција упатуваат апел до сите капачи и корисници на „Суп” даски или педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат безбедносните мерки, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.