Дваесет и петгодишен маж е убиен во скопската населба Дуќанџик.
Според информациите на Скопје1, младиот маж бил застрелан и се здобил со повеќе прострелни рани во пределот на телото и главата.
По пукањето, екипа на Итната медицинска помош го пренела во Ургентниот центар, каде што, и покрај обидите на лекарите да му помогнат, тој починал.
Засега нема официјални информации за околностите во кои се случило убиството, ниту за идентитетот на сторителот и можните мотиви.
Се очекува Министерството за внатрешни работи да соопшти повеќе детали за случајот.
