HomeАктуелноНевреме во Неготино: Откорнати кровови од куќи и паднати дрвја

Невреме во Неготино: Откорнати кровови од куќи и паднати дрвја

Невремето од дожд и ветер што попладнево го зафати Неготинско, однесе повеќе покриви од куќи во Неготино, а паднати дрвја го блокираа патот Дуброво-Војшанци. Ова го потврди за МИА неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Точно е, според првичните информации, без покрив останаа неколку куќи во населбата Саат кула и неколку во  селото Тимјаник. Неготинските пожарникари и комунални работници, заедно со кавадаречки пожарникари кои ќе дојдат на помош, ќе ги сечат паднатите дрвја на неколку локации во општината, појасни Стојанов.

Тој рече дека заедно со претставници на стручни служби е на терен и се врши увид на местото.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.