HomeАктуелноНово силно невреме ја зафати Македонија – најобилни врнежи на западот, следува промена на ветерот

Ново силно невреме ја зафати Македонија – најобилни врнежи на западот, следува промена на ветерот

Територијата на Република Македонија се наоѓа под влијание на силен циклонски систем со центар над Џенова, кој утрово предизвикува обилни врнежи на повеќе места низ земјата. Најинтензивни врнежи се забележуваат во западните делови на државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Повремено дува засилен до силен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните региони, каде локално се појавуваат и грмежи.

Врнежите ќе продолжат и во текот на претпладнето, локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со електрични празнења. Според прогнозите, стабилизација на времето се очекува во попладневните часови, кога врнежите постепено ќе престанат, а ветерот ќе го промени правецот во северен и северозападен, најизразено во Повардарието.

прогнозата ја предвиде еден од најдобрите метеопрогнозер, Славчо Попоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.