HomeАктуелноОва се кандидатите за носители на ЗНАМ

Ова се кандидатите за носители на ЗНАМ

Движење ЗНАМ – За наша Македонија вo недела од 13 часот во СРЦ Кале ќе ги претстави кандидатите за носители на листи за пратеници во шесте изборни единици за Парламентарните избори. На прес-конференција нив денеска ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ, кој рече дека органите на партијата, нејзините извршен и централен одбор, вчера со акламација ја донеле одлуката за нивниот избор.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Двајца носители на листи се потпретседатели на партијата на Максим Димитриевски. Листата во Петтата изборна единица ќе ја предводи Весна Бендевска, поранешна пратеничка и член на КСЗД, по професија психолог, а носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки.

Носител на листата во Изборна единица 1 е Бобан Карапејовски, професор на Филолошкиот факултет на УКИМ, член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ.

Носител во ИЕ2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило во Куманово и претседател на Општинската организација на ЗНАМ во тој град.

Во ИЕ4 листата ќе ја предводи економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и претседател на ОО на ЗНАМ во Струмица. За носител на листата во ИЕ6 е избран Небојша Захариевски, правник и претседател на ОО на ЗНАМ во Тетово.

Кандидирани се луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во коишто работат, чесни, луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство со чист образ, рече Мемов на прес-конференцијата.

На конвенцијата в недела на која тие ќе бидат претставени, ќе се обрати претседателот на ЗНАМ и кандидат за претседател на државата Максим Димитриевски. Мемов рече дека конвенцијата во СРЦ Кале е отворена за сите граѓани кои сакаат да присуствуваат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.