Добри вести за припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана. Од 1 јануари 2027 година нивните плати ќе се зголемат за 10 проценти, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Како што информираше Мисајловски, зголемувањето е предвидено со новиот Буџет за 2027 година, кој поминал на последната владина седница и сега треба да влезе во собраниска процедура.
Министерот посочи дека покачувањето нема да се однесува само на основната плата, туку и на сите компоненти што се опфатени во вкупните примања на вработените.
Мисајловски го оцени зголемувањето како историски чекор, истакнувајќи дека е постигнато преку социјален дијалог и соработка со синдикатите.
Тој упати честитки до сите вработени во Армијата и одбраната, нагласувајќи дека подобрувањето на нивниот материјален статус е важно за зајакнување на институцијата.
