HomeАктуелноПијан возач од Лакочереј, удрил во пијан пешак од Свиништа

Пијан возач од Лакочереј, удрил во пијан пешак од Свиништа

Возач од охридско бил приведен откако удрил пешак и избегал од местото на несреќата, а при проверка било утврдено дека имал 2,78 промили алкохол во крвта.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Несреќата се случила на улицата Кленоец во Охрид, кога патничко возило „опел“ управувано од 52-годишен жител на селото Горно Лакочереј удрило во пешак од селото Свиништа и го напуштило местото на настанот.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјална болница Св. Еразмо, каде што му била укажана медицинска помош.

По преземени мерки, полициски службеници од СВР Охрид го пронашле возачот, кој по наредба на јавен обвинител бил лишен од слобода, а возилото било одземено. При извршените проверки било утврдено дека возачот бил под силно дејство на алкохол, со измерени 2,78 промили во крвта.

Дополнително, било констатирано дека и повредениот пешак имал 1,34 промили алкохол во крвта.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.