HomeАктуелноПо повеќе од 20 години ќе се врши осветување на манастирот Св.Богородица во село Свиништа

По повеќе од 20 години ќе се врши осветување на манастирот Св.Богородица во село Свиништа

На ден 24.07.2022 година во охридското село Свиништа ќе биде осветено ново духовно светилиште св.Богородица за сите православни христијани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со благослов на Дебарско-Кичевскиот Митрополит господин Тимотеј ќе се врши осветување на манастирот Св.Богородица во село Свиништа, информираат организаторите.

Чинот на осветувањето на духовното светилиште ќе се одржи на 24 јули со почеток од 08 часот, додаваат од таму.

Според предвидената програма со чинот на осветување на храмот ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, додека по чинот на осветувањето ќе следи свечена трпеза.

По овој повод се покануваат сите православни христијани да присуствуваат на светиот чин на осветување на црквата.

Имено, организаторите ја информираат јавноста дека покрај ручекот ќе следува прослава со музички дел по повод големиот ден, за тоа ќе се погрижат Владо и Адријана, додаваат организаторите.

 

Подготвил: Е.Ристеска

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.