HomeАктуелноПосмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека на 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа нашиот возљубен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја.

Денес,  од  7:30 часот, во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник започна Утрената богослужба, а со почеток во 9:00 часот,  ќе биде отслужена заупокоена Света Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. Според древната традиција Архиерејот ќе пристигне во храмот за време на Синаксарот по шестата песна од канонот на Утрената.

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата Литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба истиот ден.
Вечен ти спомен, достојнопочитуван и секогаш споменуван наш сакан архипастиру!

Преземено од: Дебарско-кичевска епархија

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.