HomeАктуелноПотребни ни се ковчези за починатите, ве молам слушнете го нашиот глас: последната објава на позната турска актерка Бирче Акалај ја доближи болката со која се соочуваат

Потребни ни се ковчези за починатите, ве молам слушнете го нашиот глас: последната објава на позната турска актерка Бирче Акалај ја доближи болката со која се соочуваат

По катастрофалниот земјотрес во Турција, во кој до сега има преку 20 илјади жртви, познатата актерката Бирче Акалај побара донации од ковчези за семејствата да можат да ги закопаат своите починати. Таа вели дека ѝ е тешко што мора да напише ваква порака, но на турскиот народ му е потребна помошта од цел свет.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пишувам, пишувам и бришам, зашто не знам како да го напишам ова. Секогаш ги делиме заедно најважните потреби. Сепак, меѓу работите што ни се најпотребни се ковчези. На нашиот народ итно му требаат ковчези за своите починати. Ве молиме послушајте го нашиот глас, напиша Бирче.

Актерката е една од многуте кои од првиот ден по земјотресот се вклучија во хуманитарни акции за да му помогнат на населението. Таа преку социјалните мрежи испраќаше апели за помош, и им помагаше на луѓе да ги најдат своите блиски за кои немаа информации.

Меѓу оние кои помогнаа се и глумецот Ибрахим Челикол, кој испрати три камиони и 15 комбиња со помош во градот Хатај, и актерот Кивач Татлитуг кој донираше 9.800 евра. Фудбалерот Мерих Демирал освен што донираше 50 илјади евра, на хуманитарна аукција ги продава своите највердни дресови, од Роналдо, Дибала и Бонучи, а парите ќе ги донира за настраданите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.