HomeАктуелноПочнуваат подготовките за Бадниковата поворка во Охрид

Почнуваат подготовките за Бадниковата поворка во Охрид

Започнуваат подготовките за Бадниковите поворки 2025. Оваа година, обединети под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“ организаторите го најавуваат најсветлото празнично доживување, кое преку ангелското пеење на децата, ќе ги стоплат срцата на сите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Охрид пробите ќе се одржуваат секоја сабота, почнувајќи од денес во 12 часот во спортската сала на ООУ „Христо Узунов“, информираат организаторите.

Во поворката во која секоја година учествуваат стотици дечиња, традиционално се одржува со дефиле низ улиците на градот, а пристигнува на плоштадот „Св. Климент Охридски“ каде ќе биде поставена Божиќната пештера која го навестува Христовото раѓање.

Сите заинтересирани кои сакаат да учестуваат на поворката подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 078/271-793 и на фејсбук страницата Бадникови поворки Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.