HomeАктуелноПретрес во Кичево, пронајдени пиштоли и муниција

Претрес во Кичево, пронајдени пиштоли и муниција

На 21.10.2023 во 23.40 часот во с.Кнежино, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода С.П.И.(50) од Скопје.
Имено, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Застава”, пиштол „Екол” со рамка и додаток за испукување, рамка за пиштол со куршуми, маневарски и сигнални куршуми.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.