HomeАктуелноПриведено лице на Табановце, ВИН бројот на возилото не бил ист со оној во сообраќајната

Приведено лице на Табановце, ВИН бројот на возилото не бил ист со оној во сообраќајната

На 19.11.2024 во 10.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Табановце го лишиле од слобода А.С.(38) од с.Црнилиште, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина “  по член 380 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На влез во државата била извршена контрола на патничкото возило „мини купер“ со швајцарски национални ознаки, со кое патувал, при што било констатирано дека ВИН бројот на возилото не се совпаѓа со ВИН бројот во сообраќајната дозвола на возилото.

Лицето и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка. По  целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.