Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година. Корисниците кои поседуваат дебитна картичка средствата можат да ги подигнат преку банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Од Министерството посочуваат дека исплатата е достапна и за корисниците кои не користат платежни картички. Тие од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките. Исплатата ги опфаќа правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година.
