Ракометарите на Охрид во дербито на колото во Супер лигата, вечерва го пречекуваат лидерот на табелата Алкалоид. На мечот навивачката група “Рибари” ќе одбележи 35 години постоење.
Навивачкиот спектакл ќе почне со голем собир во 13 часот на плоштадот кај Чинарот од каде „Рибари” со кортео ќе се упатат кон салата „Билјанини извори”. Најавено е големо пиритехничко шоу, а се подготвува и роденденска кореографија.

Натпреварот Охрид – Алкалоид почнува во 18:30 часот.
Долго очекуваниот СПЕКТАКЛ е пред нас!
1. Собирот започнува во 13:00 ЧИНАР!
2. Кортеото започнува во 14:45!
3. Пиротехничкиот спектакл ќе биде во периодот помеѓу 15 и 16 часот!
4. На кејот се обележани коти на кои ќе се пали пирото!
5. НАЈВАЖНО да ги СЛУШАТЕ инструкциите на луѓето кои ја водат групата!
6. Од тука се упатуваме со кортео према сала!
7. На влез ќе се продаваат специјално дизајнирани карти кои ќе изнесуваат 100 денари!
8. Во сала ќе ги пратите исто надлежните на групата, кои ќе даваат инструкции за кореографијата!
9. За крај на денот е организираната Рибарска вечер за која пријавените ќе бидат известени!
Време е за НАСТАНОТ НА ГОДИНАТА! – стои во објавата на „Рибари“.
