HomeАктуелноСвечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти Деканатот на Филолошкиот факултет, поздравна реч ќе имаат деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова.

Пригодни излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев – „АСНОМ и македонскиот јазик“, и проф. д-р Емилија Црвенковска – „Значењето на АСНОМ за македонскиот јазик и за просветата“.

На настанот ќе биде отворена и изложба „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, претставена од д-р Јасмина Дамјановска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.