HomeАктуелноСнежно време низ Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Снежно време низ Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска. Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег се очекува во петок попладне и во сабота.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прогноза за 18.12.2024
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 16°C

Претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Прогноза за 19.12.2024
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Претпладне ќе услови за појава на магла по котлините, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Прогноза за 20.12.2024
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.