Под мотото „Хероите на градот“, денеска во кругот на Територијалната противпожарната бригада на Градот Скопје, во населбата Автокоманда, ќе биде одбележан Денот на пожарникарите – 20 Мај.
На настанот ќе се обратат градоначалничката Данела Арсовска и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томевски.
Додека рано утрово со вклучени сирени и дефиле низ улиците на Охрид, припадниците на Територијалната противпожарна единица од Охрид го одбележаа Денот на пожарникарите 20 мај.
Охридската противпожарна единица ја чинат 38 пожарникари, опремени со седум специјални возила за гасење пожар и пренос на техника, од кои само едно е ново, одека останатите се застарени.
powerinfo.mk на сите припадници на противпожарната бригада и противпожарните единици им го честита Денот на пожарникарите – 20 Мај.
