Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.
До понеделник ќе се задржи многу топло време и насекаде ќе биде активно жолто ниво за опасност од висока температура. Денес во попладневните часови во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР.
