На 20 јуни 2026 година, во 10:10 часот во ОВР Струга е пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Струга, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 60-годишно лице од Охрид, удрило во 10-годишно дете од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.
