HomeАктуелноСообраќајна несреќа кај Подмоље – полиција и Итна помош на терен

Сообраќајна несреќа кај Подмоље – полиција и Итна помош на терен

Сообраќајна несреќа се случи денеска на магистралниот пат Охрид – Струга, во близина на Подмоље.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На местото на настанот интервенираа полициски службеници и екипи на итната медицинска помош, кои презедоа активности согласно своите надлежности. Поради увидот, сообраќајот во овој дел од патот се одвиваше отежнато.

Во моментот нема официјални информации за бројот на учесниците во несреќата, евентуалните повредени или причините што довеле до судирот.

Од надлежните институции се очекуваат повеќе детали по завршувањето на увидот, по што јавноста ќе биде дополнително информирана.

Редакцијата ќе ја ажурира информацијата веднаш штом биде објавено официјално соопштение од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.