HomeАктуелноСообраќајна несреќа на овој патен правец, сообраќајот во прекин

Сообраќајна несреќа на овој патен правец, сообраќајот во прекин

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица. Несреќата се случила кај месноста Манасовско Маало атар на село Драмче и во неа учествувале патничко возило ауди и товарно возило Мерцедес со каменички регистерски таблички.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На лице место на несреќата се наоѓа екипа на Итната медицинска помош и полицијата, а според првични информации нема потешко повредени лица.

Повеќе информации за должината на прекинот во сообраќајот и причините за несреќата, надлежните најавија во текот на денот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.