HomeАктуелноСостојбата по обилните врнежи се стабилизира, но поплави и отежнат сообраќај сè уште во повеќе региони

Состојбата по обилните врнежи се стабилизира, но поплави и отежнат сообраќај сè уште во повеќе региони

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека состојбата по обилните врнежи на територијата на државата, заклучно со 8 часот утринава, постепено се стабилизира, иако на одредени подрачја сè уште се евидентирани поплави и отежнат сообраќај.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пелагониски регион

Битола, Могила и Новаци: Во подрачјата каде што имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на река Црна кај с. Новаци во 18:00 часот изнесува 320 см.

Демир Хисар: Поради оштетување на мостот на Боишка река, локалниот пат кон село Мренога е затворен за сообраќај. Реките се вратени во своите корита, освен реката Црна во атарот на селата Жван и Единаковци, каде сè уште има излевање и се поплавени поголеми земјоделски површини.

Ресен: Како последица на поројните врнежи, поплавени се земјоделски површини, но водата постепено се повлекува. Во текот на денот интервенирано е со една градежна машина за расчистување на коритото на Голема Река.

Југозападен регион

Охрид: На реката Сушица изграден е заштитен насип со багер, со што е спречено понатамошното излевање. Сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации.

Струга – с. Мислешево: Поплавени се дворови и обработливи земјоделски површини. Процесот на санација е отежнат поради неможност за изведување на пропуст за истек на водата. Струга – с. Калишта: Има поплавени дворови и подрумски простории и се преземаат дополнителни мерки за санација и заштита на населението.

Дебар: Реката Радика има зголемен водостој, но засега нема опасност од излевање. Патните правци се проодни, со помали одрони на делниците Жировница – Дебар и Дебар – Струга кои редовно се расчистуваат.

Западен регион

Кичево: Водостоите на Зајашка река и реката Треска се намалени и нема опасност од нови поплави. Во тек е расчистување на поплавените домови, дезинфекција и создавање минимални услови за престој. Евакуираните лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им е обезбедена неопходна грижа.

Вардарски регион

Кавадарци: Во ридско-планинските подрачја интервенирано е со механизација на патните правци Кавадарци – Мушов Гроб – Мрежичко, Мушов Гроб – Михајлово и Страгово – Горна Бошава, каде снежната покривка изнесува до 15 см.

Североисточен регион

Ранковце: Патниот правец с. П’клиште – с. Герман е непрооден поради снежни наноси. Во тек е расчистување. Патот од с. Герман до с. П’клиште е со кашест снег што го отежнува сообраќајот.

Полошки регион

Тетово: На патниот правец Тетово – с. Бањиче, имало падната голема карпа на коловозот. Патот е расчистен и сообраќајот е нормализиран. Гостивар: На патниот правец кон Маврово, кај каменоломот, е евидентиран одрон и се преземаат активности за негово расчистување.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.