HomeАктуелноСпасовски: Пристигна Светиот Благодатен Оган во престолнината на нашата земја (ФОТО)

Спасовски: Пристигна Светиот Благодатен Оган во престолнината на нашата земја (ФОТО)

Пристигна Светиот Благодатен Оган во престолнината на нашата земја. Со христијанска радост му го предаваме на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а свештениците ќе го однесат ширум храмовите низ татковината, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Точно 15 години откако по иницијатива и заложби на Свештената Бигорска Обител, Благодатниот Оган за првпат на Света Пасха беше донесен во Македонија од Грција. Во оваа прилика изразувам искрена благодарност до бигорското братство за спознавањето на македонскиот народ со ова постојано Божјо чудо.

Нека секој православен храм одѕвонува со радост ширејќи ја веста за Воскресението на Спасителот Господ Исус Христос меѓу верниците, како суштина на христијанството!

Нека се благословени сите граѓани на Република Северна Македонија!, рече Спасовски.

Линк од објавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.