HomeАктуелноТаравари: Можно е да станеме дел од Владата, ако не, треба да се оди на избори

Таравари: Можно е да станеме дел од Владата, ако не, треба да се оди на избори

Постои можност Алијанса за Албанците да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори, изјави лидерот на партијата Арбен Таравар во гостувањете во магазинот „Клик плус“ на ТВ21.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Таравари остава простор за две опции, едната како што вели, по сугестија на меѓународниот фактор дека не е време за избори и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата.

Друга опција е да се оди веднаш на избори.

– Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата. Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот, рече Таравари.

За односот на Алијанса за Албанците со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека во моментов двете партии се дистанцирани, иако има некое ниво на комуникација помеѓу пратениците.

Вели дека имало обиди пред неколку години за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, дури и самиот лидер на партијата Христијан Мицкоски изразил жалење за настаните од 27 април, но последната година ВМРО-ДПМНЕ ја вратило националната реторика и станала слична на Левица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.