HomeАктуелноТрет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на Буџетот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ.

Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот буџет за 2026 година. Вкупните расходи се проектирани на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат речиси 46 милијарди денари и се зголемени за речиси 5,8 милијарди денари што е зголемување за 14,5 проценти.

Економскиот раст е проектиран на 3,5 отсто, инфлација на 4,5 проценти, а буџетски дефицит на 4,1 отсто од БДП.

Ребалансот, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, не е резултат на недостигот на приходи или нарушена ликвидност, туку на потребата буџетските проекции да се усогласат со актуелните глобални економски услови.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.