На 29.07.2024 во 18.25 часот, на улицата „Бистрица” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.К.(22) од Охрид, кој претходно во семејниот дом физички нападнал член на семејството, а потоа агресивно се однесувал кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
На 29.07.2024 во 21.20 часот на улицата ,,Вангел Николоски” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Д.С.(72) и М.С.(43), двајцата од Охрид, кои претходно физички нападнале член на семејството, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
