HomeАктуелноУапсен бегалец од затвор, осуден на скоро 11 години затворска казна

Уапсен бегалец од затвор, осуден на скоро 11 години затворска казна

На 04.06.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(38) од Куманово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „разбојништво“ по член 237 и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на шест години и пет месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.