HomeАктуелноУтре посебен режим на сообраќај на планината Водно

Утре посебен режим на сообраќај на планината Водно

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (26.03.2023), со почеток во 10.00 часот поради најавена атлетска трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св. Пантелејмон и обратно.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.