HomeАктуелноУЈП со заислени контроли за празничниот период

УЈП со заислени контроли за празничниот период

Управата за јавни приходи преку соопштение упати порака со угостителите кои организираат празнични прослави и продаваат влезници или ваучери, задолжително да издаваат фискални сметки согласно законот за регистрирање на готовински плаќања.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ако ангажираат физички лица како музичари или изведувачи, задолжително да склучат договори за повремени или привремени услуги и да го пријават и да го и платат данокот преку системот на УЈП.

Стопанствениците кои закупиле штандови за продажба на пијалаци, храна и други производи за претстојните празници, имаат да издаваат фискална сметка. Од Ујп со порака и до потрошувачите да бараат фискална сметка.

Периодов ќе бидат засилени контролите на терен, а за угостителите кои нема да ги почитуваат законските обврски, ќе има прекршочни налози и забрани за вршење дејност. Физичките лица кои вршат дејност од времен карактер како дел од базари или новогодишни и божиќни настани треба да поднесат барање за паушално плаќање на данок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.