HomeАктуелноЧеститка од претседателот на Собранието Џафери по повод 23 Октомври

Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод 23 Октомври

Претседателот на Собранието Талат Џафери од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и лично, упати честитки по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Споменот на старите битки кои не довеле до тоа што сме сега, нека биде потсетник и наш учител за новите секојдневни битки кои ги водиме во животот. Нека бидат поука дека заемното почитување, разбирање, единственоста и заедништвото во напорите за градење на современа, демократска и напредна држава единствено може да не вброи во земјите со успешна приказна. Направивме исклучително тешки чекори, нови и непознати стојат пред нас, меѓутоа, ако сме искрено и заедно на тој пат, ништо нема да не поколеба!, се вели во честитката упатена од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.