HomeАктуелноШаќири: Одлуките за наставните програми да не се поврзуваат со теми важни за општеството

Шаќири: Одлуките за наставните програми да не се поврзуваат со теми важни за општеството

Одлуката со која се намалуваат часовите по македонски јазик во второ и трето одделение од шест на пет неделно, не треба да се поврзува со теми важни за општеството, рече денеска во Собранието министерот за образование и наука Јетон Шакири, одговорајќи на пратеничко прашање дали ваквата одлука мораше да се потпише на 12 јули, во екот на протестите против францускиот предлог.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според Шакири, ваквата измена на наставните програми предвидува намалување на бројот на часови и за албанскиот и за други јазици, но ќе се компензира со часови за читање и други дополнителни активности.

– Ова не треба да биде предмет за дискусија и не би сакал да се поврзува со теми важни за нашето општество зашто кога се донесуваат одлуки за усвојување на една студиска програма за новата учебна година, не е битно кога тоа се прави – кој датум или кој месец. Програмите ги носи Бирото за развој на образованието, а нивното потпишување е редовна постапка во Министерството за образование, истакна Шакири.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.